Фудбалско лето со Visa картичките на НЛБ Банка: Зошто фудбалот е „најважната споредна работа на светот“?

Точка

05/03/2026

11:29

149

Големина на фонт

а а а

Да се биде дел од Светското првенство во фудбал е сон на секој фудбалски фан. Да се видат одблизу најголемите ѕвезди кои го претставуваат „најдоброто од најдобрите“ од светот на фудбалот, да се навива за нив и да се прославува заедно со нив од трибините на најголемата спортска арена, претставува можност која за која секој фудбалски фан сонува.

Во месецот кога се одржува FIFA World Cup™️, сите погледи на јавноста се свртени кон овој настан. И токму оваа еуфорија докажува зошто фудбалот се смета за „најважната споредна работа на светот“.

По вторпат во историјата, FIFA World Cup™️ се одржува во САД, каде што претставниците на дури 48 земји ќе ги одмерат силите и ќе го покажат најдоброто пред целата светска публика. А оваа година, дел од FIFA World Cup™️ можете да бидете и вие, доколку сте корисник на платежните картички Visa на НЛБ Банка Скопје.

Плаќањето со Visa НЛБ картичките не само што ја прави секоја трансакција полесна, туку може и да ве однесе на FIFA World Cup™️ 2026! До 20 март оваа година, сите корисници на Visa НЛБ платежна картичка кои ќе направат безготовинска трансакција од најмалку 500 денари учествуваат во извлекувањето за патување на најголемиот фудбалски настан во светот. Двајца среќни добитници ќе добијат пакет аранжмани за патување за двајца на четвртфиналето во Мајами, за одблизу да уживаат во најважниот глобален собир на најпопуларниот спорт во светот, а Visa овозможува и други вредни, спортски награди.


Секоја индивидуална трансакција од минимум 500 денари значи и едно учество во извлекувањето. Двојно поголема можност за добивка носи секоја безготовинска трансакција со која била Visa НЛБ платежна картичка од минимум 500 денари, направена преку апликацијата NLB Pay. Без разлика дали купувате во продавница, трафика, без разлика дали сте во Македонија, во странство или пак плаќате онлајн - секоја трансакција се брои и ги зголемува вашите шанси да навивате од трибините на FIFA World Cup 26™.

Можност за учество во извлекувањето имаат сите корисници на НЛБ Банка со Visa дебитни и кредитни картички, односно Visa Debit, Visa Classic, Visa Gold.

Доколку сè уште немате НЛБ Visa картичка, сега е вистинско време да аплицирате за картичка и да станете потенцијален добитник на некоја од FIFA наградите, овозможени од Visa. Направете го тоа брзо и едноставно, без посета на експозитура, преку НЛБ мКлик мобилната апликација. Штом вашата картичка е одобрена, веднаш дигитализирајте ја во NLB Pay, додадете ја во вашиот дигитален паричник и зголемете ги шансите за добивка.

Комерцијален текст