Ирански генерал: Не ни е гајле колку ќе трае војната, ќе го натераме непријателот да зажали

Макфакс

05/03/2026

09:02

250

Големина на фонт

а а а

Иранскиот генерал Киомарс Хејдари изјави дека Иран „нема да се откаже од оваа војна“ сè додека не ги постигне своите цели и не им нанесе тешки удари на Соединетите Американски Држави.

„Не ни е грижа колку дена ќе трае оваа војна“, рече Хејдари, заменик-командант на Централната команда „Хатам ал-Анбија“, во изјава објавена од полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“.

„Ќе ја завршиме војната само кога ќе ги постигнеме целите“

Хејдари се потсети на војната што ја водеше Иран во 1980-тите.

„Доживеавме осумгодишна војна и ќе ја завршиме оваа војна само кога ќе ги постигнеме нашите цели и ќе го натераме непријателот да зажали и да ја изгуби сета надеж за својот срамен чин“, рече Хејдари.