Почувствуван земјотрес во Гостивар

Макфакс

03/03/2026

10:41

140

Големина на фонт

а а а

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути се случи земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2.

Земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.