[ФОТО] Македонија има со што да се гордее: Припадник на „Тигрите“ се закити со злато на меѓународен полициски натпревар во Сљеме

Точка

26/02/2026

19:38

600

Големина на фонт

а а а

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска.

На овој натпревар, како што информира МВР, учествувале натпреварувачи од Словенија, Чешка, Црна Гора, Хрватска, па така Македонецот ја однел победата во исклучително голема конкуренција.


Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при министерството за внатрешни работи го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска, на 25.02.2026 година, за што Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста.


„Остварениот резултат претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план. Министерството за внатрешни работи упатува честитки до припадникот на САЕ „Тигар“ за постигнатиот успех, изразувајќи уверување дека и во иднина ќе продолжи со вакви врвни резултати и ќе биде пример за професионалност и спортски дух“, стои во соопштението од МВР.