Дали знаете дека некогаш во Македонија во помалите места куќите не се заклучувале? Меѓу соседите владеела доверба, немало страв од кражба од некој случаен минувач. Ако сте постари, можеби тоа го паметите, додека помладите можеби слушале приказни од своите баби и дедовци.
Сега замислете место кое и денес живее така, иако секојдневно го посетуваат илјадници туристи и верски паломници! И не само што дворовите не се заклучуваат, туку куќите воопшто немаат врати и брави.
Село од 3.000 жители станало светска атракција
Опишаното место се вика Шани Шингнапури се работи за село со околу 3000 жители на западот на Индија, кое станало туристичка атракција и светски феномен. Тоа е единственото место во светот каде куќите немаат врати, ниту брави! Жителите евентуално ќе постават некоја завеса само за да не се гледа од улица што се случува во туѓиот дом, но врати никој сè уште не изградил.

Довербата е толку голема што дури и банките и полициските станици во селото до неодамна немале врати, но поради државните прописи било воведено дека тоа мора да се смени. Локалците и тука биле снаодливи, па банките поставиле брави, но тие се електромагнетни и речиси целосно невидливи.
Легендата од која започнало сè: Богот Шани се појавил на камен
Главната причина за толку големата доверба на локалните жители лежи во религијата. Тие веруваат дека секој крадец Бог Шани ќе го казни за гревот, па нема потреба да се поставуваат врати и брави. Според древната легенда, пред околу 400 години на брегот на локалната река Панаснала бил пронајден црн камен со ликот на Шани.
Селаните кои го пронашле го допреле, а од каменот, според легендата, почнала да тече крв. Тоа веднаш било протолкувано како божествен знак. Таа иста ноќ, Шани му се појавил на селскиот старешина во соништата и му рекол дека ќе го штити селото ако ги отстрани вратите и бравите од секоја куќа, што тој и го направил.
За крадците богот Шани предвидел строги казни
За да остане оваа традиција жива во селото, познати се и деталите за казната за секој кој ќе се обиде да украде нешто. Според верувањето, Шани таквите ќе ги направи слепи или ќе страдаат од „Саде-Сатија“. Тоа всушност значи седум и пол години несреќа, што може да резултира со банкрот, смрт или друга животна несреќа.

Можеби се прашувате какви се податоците во врска со криминалот во селото. Практично го нема, постојат само неколку забележани случаи, особено во годините кога Шингнапур само што почнал да станува туристичко средиште. Локалците дури тврдат дека сите тие случаи всушност се случиле надвор од селото. Колку велат вистина, а колку се обидуваат да ја зачуваат легендата за село без кражби, тоа е прашање на кое само тие знаат одговор.
Што да се види во селото Шани Шингнапур освен куќите без врата?
Секако, едно од логичните прашања што се наметнува е: има ли во селото Шани Шингнапур нешто за гледање освен куќи без врати? Ако тоа беше единствената атракција, просечниот турист веројатно за половина час би го напуштил селото. Но, тоа не е случај. Илјадници луѓе, кои секојдневно доаѓаат во селото, ја посетуваат храмот изграден во чест на Шани. Најмногу луѓе доаѓаат во сабота, што е свети ден за Шани, а тој број некогаш достигнува и 40 илјади.

Мал музеј и импресивна пештера во околината
Освен тоа, во Шингнапур се наоѓа и мал музеј со збирки кои уште подетално ја објаснуваат историјата и легендата на селото што е опишана погоре. Постојат и неколку помали ресторани насочени кон традиционалната индиска кујна. Прекрасниот парк Нани-Нани ги воодушевува љубителите на природата и зеленилото.
Во околината на селото се наоѓаат уште интересни места, како на пример пештерата Елора. Таа е дел од светското наследство на UNESCO и навистина изгледа импресивно. Од Шингнапур е оддалечена нешто повеќе од два часа, што со оглед на големината на Индија е навистина мало растојание. Со оглед на сè што селото Шани Шингнапур нуди, не изненадува тоа што село без врати и брави на куќите станало вистинска














