„Три намази, 5 минути, нула компликации“, пишува во објавата на еден од најшарените профили на македонските готвачи на Инстаграм – „Cooking with Branko“.
Во тек се велигденските пости, па доколку ви недостасува идеја да зготвите нешто поразлично од вообичаено, тогаш Бранко Попоски има одличен предлог за три посни намази.
Состојки:
🥄Варен наут;
🥄Таан;
🥄Маслиново масло;
🥄Сок од лимон;
🥄Лук;
🥄Сол и бибер.
Смесата поделете ја на три дела и додадете:
🥄Морков;
🥄Цвекло;
🥄Ореви.
Подготовка:
Стави ги состојките за основата во блендер и блендирај до кремаста текстура. Потоа подели ја смесата за со цвекло, морков и ореви и блендирај повторно. Потоа складирај во тегли и стави во фрижидер.
Намазот е одличен за со лепче, крекер или тортиља.
Кој вкус би го пробал прв?












