Студија идентификувала 20 нови дела на Микеланџело

Точка

20/02/2026

14:37

271

Големина на фонт

а а а

Независната истражувачка Валентина Салерно идентификувала 20 дела што претходно биле или малку познати или автентичноста им била дискутабилна и потврдила дека истите му припаѓаат на уметникот Микеланџело Буонароти.

Во својата студија „Последните денови на Микеланџело“ (Michelangelo gli ultimi giorni) Салерно го реконструирала последниот период од животот на уметникот споредувајќи документи од италијанска и странска архива, пренесе Анса.

Таа открила дека Микеланџело не ги уништил скиците и скулптурите во својот дом во Рим како што претходно се верувало, туку ги доверил на своите ученици и пријатели да ги чуваат на тајна локација.


Еден од пронајдените документи го опишува постоењето на просторија во која била скриена стока толку драгоцена што бил потребен систем со повеќе клучеви за да се отвори.

Како што рекле експертите, просторијата е празна повеќе од 400 години. Резултатите од истражувањето ги поддржале експертите од Латеранската црква и Базиликата Свети Петар, а трагите се потврдени и на аукцијата во „Кристи“, Лондон, каде била продадена скица за подножјето на Либиската Сибила.