Затворено е важно прашање: Марсеј ја пронајде замената за Де Ѕерби

Дерби

19/02/2026

10:48

158

Големина на фонт

а а а

Олимпик Марсеј ја заврши соработката со Роберто Де Ѕерби и во изминатиов период бараше стратег кој ќе седне на жешкото столче, ќе може да се носи со притисокот и воедно ќе ги оствари посакуваните цели.

Изборот падна врз легендата на клубот Хабиб Беј кој до неодамна го водеше Рен каде заработи отказ поради лошите резултати. Беј како играч мина четири години од 2003 до 2007 за да сега се врати на „Велодром“, ама со поинаква улога.

Во својата досегашна тренерска кариера покрај Рен го има водено и составот на Ред Стар.

Сенегалецот потпиша договор до 2027 година.

Марсеј со 40 освоени бода се наоѓа на четвртото место на табелата.