Традиционалното програмирање би можело да стане „вишок“ веќе до крајот на 2026 година. Барем така тврди Илон Маск, чија изјава за иднината на пишувањето кодови молскавично почна да се споделува на социјалните мрежи.
Според неговите зборови, вештачката интелигенција наскоро директно ќе генерира машински бинарен код, побрзо и поефикасно од било кој компјутер – без програмски јазик, само врз основа на текстуални дирекции.
Иако звучи радикално, изјавата на Маск се вклопува во актуелниот тренд. АИ алатките и денес пишуваат кодови, откривајќи грешки и предложуваат оптимизација во реално време, додека пак улогата на програмерите постепено се менува.
Дури и со помош на АИ алатките, програмерите денес пишуваат код на јазик разбирлив за луѓето. Компјутерот го преведува во машински, а оперативниот систем го извршува. Според Маск, АИ системите ќе ги прескокнат сите тие чекори и ќе генерираат директно оптимизиран бинарен код, приспособен на конкретен хардвер и задача.

Доколку тоа се случи, повеќе нема да зборуваме само за автоматизација. Ќе зборуваме за промени на самата дефиниција на програмирање. Наместо пишување синтакса, фокусот ќе биде на прецизно формулирани намери. Човекот ќе опишува што сака да постигне, а машината сама ќе одлучува како тоа да се спроведе на најниско ниво.
Сепак, засега човекот останува над системот. Инженерите ги проверуваат резултатите, ги поправаат грешките и сносуваат одговорност за крајниот производ. Клучното прашање е колку долго таа рамнотежа ќе трае и дали улогата на програмерите драстично ќе се смени во наредните години.
Најекстремните толкувања говорат за целосно исчезнување на професијата. Историјата на технологија, покажува друг образец – компјутерите не ги уништиле инженерите за „asembler“ ниту „cloud“ сервисите ги елиминирале администраторите.

Можно е идните софтверски инженери повеќе да бидат архитекти и стратези отколку личности кои пишуваат кодови ред по ред.
Едно е сигурно – дебатата повеќе не е теориска. Таа веќе се одвива во АИ лабораториите и развојните центри ширум светот.








