[ФОТО/ВИДЕО] Обилните дождови исфрлија необични сушстества на површината: „Моравме да реагираме“

Точка

17/02/2026

13:08

2.042

Големина на фонт

а а а

Обилните дождови кои во последниве денови ја погодија Далмација предизвикале штета не само кај луѓето туку и кај животинскиот свет.

Меѓу најзагрозените се нашол „Proteus anguinus“, во народот познат и како огар.

Наглиот пораст на подземните води довел до нивно избивање на површината, а водата со себе ги донела и овие речиси незабележливи, но исклучително важни жители на подземјето.Станува збор за вид кој еволуциски е приспособен на живот исклучиво во целосен мрак и стабилни услови, во кои како што истакнуваат експертите, не живеат, туку преживуваат.

Огар е динарски ендем и најголем жител на подземните води. Живее во подземни потоци, пештери и јами на Динаридите, каде што има константна температура, целосен мрак и речиси стерилни услови.

Овој ендем надвор од својот свет не може да опстане

Кога ќе се најде на површината, изложен е на бројни опасности, особено на бактерии и микроорганизми со кои во природно живеалиште никогаш не се сретнува.

„Нивниот организам е приспособен на стабилни и специфични услови на подземјето, а контактот со површинските води и микроорганизми може да има кобни последици“, објавила Јавната установа Море и крш.

Вработените во оваа установа излегле на терен веднаш по дојавата, собрале десеттина пронајдени единки и ги однеле во Зоолошката градина во Загреб.

Тие биле посебно примени, во затемнети простории со континуирани услови кои го имитираат природното живеалиште.

Kao posljedica dugog kišnog razdoblja proradili su brojni povremeni i periodični izvori. 🌧️💧 Snažan prodor podzemnih...

Posted by Javna ustanova "More i krš" on Monday, February 16, 2026

Засега не е познато во колкава мера престојот на површината влијаел на нивното здравје, со оглед на тоа што биле изложени на повисоки температури, светлина и различни патогени организми.

Зоолошката градина: Станува збор за природен, но ризичен процес

Директорот на Зоолошката градина во Загреб, Иван Цизељ, појаснил дека ваквите случаи се случуваат периодично.

„Испуштањето од подземјето е природен феномен на кој сме сведоци на секои неколку години. Откако водата ќе излезе на површина, на некои локации во Хрватска овие загрозени водоземци можат да се вратат под земја, но во некои случаи тоа не е можно. Во овој случај, тие требаше да бидат сместени во нашиот Центар за закрепнување“, изјавил Цизељ, додавајќи дека тие веќе спасиле единки од овој ендемски динарски карст на ист начин.