Утре без вода дел од Центар

Макфакс

16/02/2026

18:56

210

Големина на фонт

а а а

Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Центар, информира Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 17.02.2026 година ( вторник ) поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на ул.Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Светозар Марковиќ и дел од бул.Кочо Рацин,вклучително и објектот на Веро Џамбо. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)“, соопшти РЦУК Скопје.