Кејн сака да го собори рекордот на Левандовски: Се е возможно…

Дерби

16/02/2026

07:36

432

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен ја потврди фаворитската улога и оствари триумф над Вердер Бремен од 3-0 и со тоа ја задржа предноста од шест бода во однос на второпласираната Борусија Дортмунд на 12. кола до крајот во Бундеслигата.

Хари Кејн беше автор на два од трите гола на баварците и на тој начин дојде до бројката од 500 погодоци во кариерата (клуб и репрезентација).

Воедно тој сега има 26. погодоци во шампионатот и е подготвен да притисне и го собори рекордот на Роберт Левандовски за најмногу дадени лигашки голови во една кампања (41).

-Се е возможно. Секако, сè уште има долг пат пред нас и тоа е неверојатен рекорд. Во добра форма сум и среќен сум што повторно постигнав гол и му помогнав на тимот, -порача Англичанецот.