Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

A1ON.MK

14/02/2026

20:29

297

Големина на фонт

а а а

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица најави дека партијата ќе поднесе кривична пријава за Цвета Ристовска, член на ДКСК, која вчера си поднесе оставка од комисијата.

„Се лаже госпожата дека овде завршува нашата и ваша борба за поправеден систем! Напротив, нашиот правен тим и спрема и кривична пријава за лажирање на податоците од Анкетниот лист за прикривање на фирмите на нејзините синови – вели Апасиев во објава на социјалните мрежи и додава дека тоа е стипулирано кривично дело според важечкиот Кривичен законик.

Апасиев, укажува и на фактот дека ако Левица не ги објавела серијата скандали поврзани со Ристовска, таа уште ќе била „антикорупционерка“ и додава дека е штета што не ја дочекала интерпелацијата, која била спремна и пуштена во Собранието.

„Левица стана снајперист за корумпираните! Сѐ повеќе свиркачи и инсајдери се осмелуваат да ни пријават корупција во нивните институции заробени од вмроидните расипани кадри, затоа што во нас препознаваат кредибилни и бескомпромисни фајтери за јавното добро“, вели Апасиев.