Премиерлигашот Тотенхем е во потрага по нов тренер откако одлучи да се раздели со Томас Франк по поразот од Њукасл во Премиер лигата.
„Петлите“ веќе се многу блиску до опасната зона и токму поради тоа клубот се одлучи да реагира, но јасно е дека сега ќе мора да се донесе вистинска одлука. Се споменуваат неколку имиња, меѓутоа барем засега нема никој изразит фаворит со тоа што останува отворено прашање дали Тотенхем ќе се реши да донесе привремено решение до крајот на кампањата или тренер кој би добил одврзани раце и подолг мандат.
Името на Роби Кин се споменува во јавноста, тој легенда на тимот од Лондон каде настапуваше во два мандати за да сега работи како тренер во Ференцварош.
Тој доби прашање на темава, но даде краток одговор и веднаш го напушти интервјуто.
- Не можам да ги коментирам шпекулациите, - порача Ирецот.
Според Дејли Мејл, Роби би прифатил да биде менаџер на Тотенхем, ама не да биде провремено решение.








