Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК поради сомнежи околу нејзината работа

A1ON.MK

13/02/2026

13:12

561

Големина на фонт

а а а

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од функцијата.

– Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во текот на целата моја професионална кариера, вклучително и работењето во Комисијата, својата работа ја извршував законито, совесно и со најдобра намера. Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски.


Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет. На Државната комисија за спречување на корупцијата й посакувам успешен и професионален придонес во служба на јавниот интерес, вели Ристовска.