Елмин Растодер продолжува да стрела, а неговиот Тун да бележи победи во првенството на Швајцарија каде е апсолутен лидер по 24. одиграни кола.
Тун овојпат си поигра со Лозана која ја декласираше со 5-1 во мечот во кој за домаќините четвртиот погодок го постигна македонскиот репрезентативец.

Ова за Елмин беше шести погодок на последните шест лигашки натпревари, плус има уште две асистенции.
Со вкупно 55 бода клубот од Берн е на врвот на табелата со 13 поени повеќе од второпласираниот Ст. Гален.








