[ВИДЕО] Зејн Малик за емоциите кон Џиџи Хадид: „Не знам дали некогаш бев заљубен во неа“

Точка

12/02/2026

14:34

447

Големина на фонт

а а а

Зејн Малик во новото интервју откри какви чувства има кон поранешната девојка Џиџи Хадид.

За време на разговорот со Алекс Купер во емисијата „Call Her Daddy“, Малик се осврна на својата изјава од 2024 година во која рече дека не е сигурен дали навистина бил вљубен во неа.


„Моето разбирање на љубовта постојано се развива. Во тој момент можеби мислев дека тоа е љубов, но како што станував постар, сфатив дека можеби не била. Можно е тоа да била страст. Не чувствувам дека беше љубов“, изјави тој.

Малик додаде дека секогаш ќе ја цени Хадид затоа што му родила дете и дека има почит кон неа.


„Секогаш ќе ја ценам, но не знам дали некогаш бев вљубен во неа“, наведе тој.

Малик и Хадид беа во врска од 2015 до 2021 година, а до разделбата дојде по веста дека Малик наводно ја удрил мајката на Џиџи, Јоланда Хадид, за време на расправија. Пејачот ги негираше обвинувањата иако доби 360 дена условна казна поради наводниот инцидент.