Љубителите на планината и предизвиците зад себе имаат уште една успешно реализирана авантура.
Маја Дукова, заедно со членовите на својата планинарска група „Petrichor Mountinelovers“, го реализираше искачувањето на Царев Врв, една од повисоките планински точки во Македонија.
Овој врв кој е висок 2085 метри и се наоѓа на Осоговските планини, планинарите го искачиле во исклучително неповолни временски услови. Густата магла и намалената видливост на моменти ги прикривале патеките и хоризонтот, правејќи го движењето дополнително отежнато. Сепак, со внимателен пристап, заемна поддршка и силна решителност, тимот чекор по чекор стигнал до посакуваната цел.
„Планината не нè пушти лесно. Од самиот почеток нè пречека со густа магла што ги бришеше видиците и ги криеше патеките. Чекоревме напред без јасна слика каде одиме, а на моменти и без да ја гледаме целата група. Но продолживме. Чекор по чекор, со доверба и тишина меѓу нас.
Таа тестираше. Ние не застанавме. И кога реши – само за миг – ни го покажа сето она поради кое дојдовме. Потоа повторно се затвори. Но беше доволно. Зашто планината не се освојува“, напиша Маја во објавата на Инстаграм.
Само две недели претходно, истата група го искачи и врвот Руен, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност на планинарењето и истражувањето на природните убавини на Осоговските Планини.



























