Росениор со критики за еден од најдобрите играчи на Челси по ремито со Лидс: Постапи непотребно лошо

Дерби

11/02/2026

13:38

482

Големина на фонт

а а а

Лиам Росениор остана во неверица од случувањата на „Стемфорд Бриџ“, од една страна поради бизарниот гол кој го прими неговиот тим, но и поради нестварното промашување на Кол Палмер во 94-та минута.

Иако имаше се во свои раце, тимот на Челси испушти предност од 2:0 против Лидс Јунајтед и на крајот мораше да се задоволи само со реми, па иако посебно вирални станаа вториот гол на гостите и утката на Палмер, Росениор посочи друг момент како клучен за испуштените два бода.

Менаџерот на Челси искритикува еден од најдобрите играчи на Челси, големиот работник Моизес Каиседо кој направи пенал при предност од 2:0.

– Не бевме доволно мирни во клучните моменти и тоа направи да останеме без планирани бодови. Каиседо е извонреден играч и игра навистина добро откако сум тука, но денеска имаше многу лоша одлука и постапи непотребно.

– Му подари пенал на противникот, а после погодениот пенал, тие почнаа да играат со долги топки и профитираа од таква ситуација. За мене изгледа смешно што не го добивме овој натпревар. Лидс постигна два гола во пет минути, а во останатиот дел од мечот беше безопасен. Бевме далеку подобар тим, но останавме без победа, – изјави Росениор.