[ВИДЕО] Моментот на вчерашниот земјотрес во МНТ: Луѓето почнале да си одат, Сашко Коцев ја свртел ситуацијата на шега

Точка

11/02/2026

07:42

3.724

Големина на фонт

а а а

Земјотресот којшто синоќа беше почувствуван во Скопје, вознемири голем дел од граѓаните , истиот беше со епицентар во Косово, на околу 45 километри северозападно од Скопје.

За време на изведбата на стенд-ап комедијата „Широк дијафазон“ на актерот Сашко Коцев во МНТ, во моментот на потресот, дел од публиката видно се вознемирила и станала од своите места со намера да ја напушти салата.

🎬 Сето тоа е видливо во видеото кое го објави „Скопје1“:


Коцев на сцената изјавува дека не го почувствувал земјотресот, па со намера да ја смири публиката ситуацијата веднаш ја свртел на шега, задржувајќи ја својата смиреност и позитивна атмосфера во салата.

Тој упатил и апел луѓето да се смират за да се не создаде дополнителна паника и вознемиреност.

Ваквата реакција на Коцев придонела вечерта, и покрај неочекуваниот прекин да заврши во духот на смеата и смиреноста.