Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје: Започна протестот на работниците пред Собранието

Макфакс

10/02/2026

09:36

1.061

Големина на фонт

а а а

Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.



СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.


Работниците предводени од ССМ го започнаа протестот пред Собранието, блокирајќи ги двата приода до Законодавниот дом и принудувајчи ги пратениците да поминат пеш покрај нив. Како што беше и претходно најавено, блокирани се улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието.


Тие бараат повисоки плати а ако не им бидат исполените барањата, од ССМ најавија блокади. Први на листата за блокирање се пратениците од Собрание, за кои велат дека се глуви за работничките барања и покачување на минималната плата.


ФОТО: Слободен Печат