[ФОТО] Снуп Дог е главната ѕвезда на Зимските олимписки игри: Погледнете како му оди карлингот

Точка

06/02/2026

20:06

457

Големина на фонт

а а а

Гледачите и натпреварувачите кои пристигнале на Зимските олимписки игри сигурно не очекувале дека рап-иконата Снуп Дог ќе се појави на теренот, ќе се испроба во карлинг и ќе побара заедничка фотографија со британските натпреварувачи Брус Муат и Џенифер Додс.

Неочекуваната средба на светската музичка ѕвезда и мирниот олимписки спорт го одбележа натпреварувањето во Кортина, каде британските и американските спортисти, покрај врвните резултати, добиле и доза холивудски сјај.


Снуп Дог побарал за време на паузата и тој самиот да се испроба во овој интересен спорт, а судејќи според фотографиите, добро му одело.



Инаку, раперот престојува во Кортина како почесен тренер на американската репрезентација, а во текот на турнирот времето го поминува во дружење со играчите и стручниот штаб. По завршувањето на натпреварот, се појавил и на мразот, каде членовите на американските машки и женски екипи му ги покажале основите на карлингот.


„Го видовме на паузата. Седеше покрај мајката на американската натпреварувачка Кори Тисе. Тој побара фотографија со нас, па се чувствувам прилично добро“, изјавил Муат низ смеа. На прашањето што им рекол музичарот, Додс кратко одговорила: „Слушнал за Брус!“, пишува „The Guardian“.


Снуп Дог го следел натпреварот од првите редови, носејќи уникатна јакна украсена со мотиви на американските репрезентативци, што веднаш го привлекло вниманието на публиката и телевизиските камери.



Самиот Снуп Дог истакнал дека неговата главна улога е да им дава поддршка на спортистите. „Тука сум да навивам, да ја кревам атмосферата и можеби да уфрлам малку мудрост. Спортистите на тимот на САД се вистинските ѕвезди“, рекол тој. „Оваа екипа го покажува најдоброто од спортот: талент, срце и труд. Ако можам да донесам уште малку љубов и мотивација, тоа е победа за мене“, додал пејачот.