[ФОТО/ВИДЕО] Координирана полициска акција во Скопје и Струмица: Силно полициско обезбедување кај ОХИС, се вршат претреси во врска со петте тони марихуана запленети во Србија

Точка

05/02/2026

21:38

1.532

Големина на фонт

а а а

Големата полициска акција поврзана со заплената на пет тони марихуана во соседна Србија продолжува и денеска во Скопје.

Како што пренесе „360 степени“ десетина комби-возила, пет-шест камиони и полициски возила попладнево влегле во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција.


Местото е под силно полициско обезбедување и пристап до таму не е можен.

Во врска со акцијата, која е насочена кон мрежата на т.н. легални производители на канабис, се вршат претреси на повеќе локации во Скопје и Струмица. Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК)

Македонското јавно обвинителство во понеделникот информираше дека е оформен предмет за случајот и дека се преземаат дејствија за утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Македонија со овој случај.

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на МРТ најави дека деновиве МВР ќе излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.


„Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани“, потенцираше Мицкоски во гостување во вестите на МРТ.

Фото: 360 степени

Видео: Прес 24