[ФОТО] Ники Минаж ги обвини колегите поради Епстин: „Знаеле за островот, жртвувале деца …“

Точка

05/02/2026

21:28

450

Големина на фонт

а а а

Една од ретките холивудски ѕвезди која јавно проговори за документите поврзани со Џефри Епстин и познатите личности што се спомнуваат во нив е пејачката Ники Минаж. Додека поголемиот дел од славните молчат за скандалот што го потресе светот и се надеваат дека фајловите на Епстин никогаш целосно нема да излезат на виделина, Ники реши јавно да се огласи.

На платформата Икс, Минаж најпрво започна жестока тирада против Џеј-Зи, сопругот на Бијонсе, кој исто така се спомнува во документите поврзани со Епстин. Таа тврди дека тој имал несоодветен однос со покојната R&B пејачка Алија.

„Дали воопшто сфаќате дека овие луѓе жртвуваат деца за да стекнат и задржат моќ? Ако некогаш повторно гласате за демократите, исто толку сте бездушни како и тие и ќе пропаднете. Можеби е време да раскажам некои приказни, бидејќи досега се трудев да молчам за работите што ги знам, но тие и понатаму се обидуваат да ме малтретираат“, напиша Минаж.

Таа додаде и дека денес никој не би толерирал 30-годишен рапер да биде со 16-годишно девојче, додека, како што тврди, „тој човек јавно ги гушкаше и им се додворуваше на тинејџерки, сред бел ден“.

Минаж воедно јавно го поддржа Доналд Трамп и се пофали дека неодамна добила „златна картичка“ од него, за која рече дека била бесплатна и дека Трамп бил „шармантен“.

Потоа се обиде да ја убеди ЛГБТ+ заедницата да ја поддржи Републиканската партија, што веднаш наиде на негативни реакции.

Во една од последните објави, Минаж напиша:

„Вашиот омилен уметник или уметница учествувал во ритуали на сатанистички култ, каде што земаат бебиња од други земји, ги осакатуваат и ги убиваат како крвна жртва за својот Бог. Кога твојот господар е сатаната, мора постојано да се пролева крв. Но играта заврши! Додека вечерва го изведуваат својот ритуал, Семоќниот Бог ќе им се открие. Ритуалот ќе им се врати како бумеранг. Бог не може да се исмева. Благословено е моќното име на Исус Христос. Секој јазик што ќе се крене против мене на суд ќе биде осуден и посрамен. Гледајте“.

Инаку, според објавените документи поврзани со Епстин, Џеј-Зи наводно присуствувал на сексуално злоупотребување на девојка од страна на филмскиот продуцент Харви Вајнстин, кој во повеќе наврати е прогласен за виновен за сексуални напади.

По овие откритија, Бијонсе изгуби повеќе од 10 милиони следбеници на Инстаграм, а Џеј-Зи беше „отследен“ од таа мрежа од познати личности како Ријана и Ким Кардашијан.

Според документите, уште во 1996 година една жена наводно била киднапирана од својот дом и подоцна се разбудила во вилата на Епстин во Флорида, каде што, според тврдењата, биле присутни Харви Вајнстин и Џеј-Зи.

Наводно, жртвата во вилата на Епстин била повеќепати сексуално злоупотребена. Овие наводи засега остануваат непотврдени.