„Нечистотија од која побегнав“: Мелинда проговори за Гејтс и Епстин: „Тоа ме враќа во најлошите денови од бракот, тој мора да одговара“

Точка

04/02/2026

19:14

1.833

Големина на фонт

а а а

Милијардерката и филантропка Мелинда Френч Гејтс изјавила дека спомнувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани за покојниот сексуален престапник Џефри Епстин е потсетник на „болното време поминато во бракот“.

Говорејќи за поткастот „NPR“, Мелинда изјавила дека чувствува „огромна тага“ заради жртвите на Епстин и дека луѓето именувани во досиејата, вклучувајќи го и неговиот поранешен сопруг, треба да бидат повикани на одговорност, известува „BBC“.


„Толку сум среќна што сум далеку од сите тие валкани работи. Лично, мене секојпат ми е тешко кога овие детали ќе излезат на површина затоа што ме враќаат на некои многу, многу болни времиња во мојот брак“, изјавила Френч Гејтс во поткастот „Wild Card“ и додала:

„Било кои прашања да останат без одговор, а не можам ни да замислам кои се тие прашања – тоа се прашања за тие луѓе, вклучувајќи го и мојот поранешен сопруг. Тие мора да одговорат за тие работи, не јас“.

Што се наоѓа во документите на Епстин?

Досиејата кои ги објавило Министерството за правда на САД, ги содржат тврдењата дека Бил Гејтс се заразил со сексуално пренослива болест. Очигледно дека Епстин составил две електронски пораки на 18 јули 2013 година, но не е јасно дали некогаш му биле испратени на Гејтс.

И двете се испратени од мејл адресата на Епстин и вратени на истата адреса, при што адресата поврзана со Гејтс не е видлива, а пораките се непотпишани.


Еден мејл е потпишан како оставка во Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, жалејќи се дека морал да набави лекови за Бил „за да се соочи со последиците од сексот со Русинките“.

Во другиот којшто почнува со „драг Бил“, Епстин се жали дека Гејтс го прекинал нивното пријателство и ги изнесува тврдењата дека Гејтс се обидел да ја скрие сексуално преносливата инфекција, од својата тогашна сопруга Мелинда.

Одговорот на Гејтс: „Апсолутно апсурдно“

Портпаролот на Бил Гејтс тие тврдења ги нарекол „апсолутно апсурдни“.

„Овие тврдења кои доаѓаат од докажани и огорчени лажговци, се апсолутно апсурдни и целосно невистинити. Сите овие документи ја покажуваат фрустрацијата на Епстин поради тоа што не можел да ја одржи врската со Гејтс и колку бил подготвен да оди до таму за да го зароби“, изјавил неговиот портпарол.

Ниту една од жртвите на Епстин не го обвинила Бил Гејтс за злоставување, а спомнувањето на неговото име во документите не подразбира никаква криминална активност.


Врската Гејтс и Епстин

Во текот на годините, Бил Гејтс и неговите претставници ја намалувале неговата врска со Епстин. Претходно изјавил дека имале само „неколку вечери“ за да разговараат за филантропски проекти кои не се оствариле.

Американските медиуми известија дека Мелинда Френч Гејтс била вознемирена поради врската на својот сопруг со Епстин дури и пред нивниот развод. Откако објавиле дека се разведуваат, Бил Гејтс во 2019 година признал дека имал афера со вработена во „Microsoft“.

Документите, имејловите и фотографии се дел од многуте работи кои минатата недела ги објави Министерството за правда, а истите фрлаат ново светло на Епстин и неговата поврзаност со огромна мрежа на познати личности, деловни луѓе и светски лидери.