[ВИДЕО] Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Макфакс

04/02/2026

07:40

409

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ целата земја, кои предизвикаа нова штета на енергетската инфраструктура и убија две лица во Запорожје.

„Очекуваме одговор од САД на руските напади. Американскиот предлог беше да се запрат нападите врз енергетската инфраструктура за време на дипломатските напори и студениот зимски период“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Тој додаде дека се очекувало Украина да направи отстапки, но дека сега е на Русија да го стори истото, првенствено за, како што рече, да ја запре агресијата.

Трамп: Не сум изненаден

Во напад со руски беспилотни летала во југоисточна Украина, во градот Запорожје, загинаа две лица на возраст од 18 години, а девет беа повредени, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров. Во објава на Телеграм, тој рече дека се оштетени четири повеќекатни станбени згради. Во регионот Запорожје, воздушната тревога остана на сила 24 часа откако беше прогласена.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека американскиот претседател Доналд Трамп не е изненаден од најновите руски напади врз Украина.