Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

Макфакс

03/02/2026

11:54

228

Големина на фонт

а а а

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.

„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.

Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.

🚨 Со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од...

Posted by Електродистрибуција on Tuesday, February 3, 2026