Нико Паз плачеше откако доби потврда за својата најслаба точка, Фабрегас порача: Ова им се случуваше и на Меси и Тери

Дерби

02/02/2026

13:50

228

Големина на фонт

а а а

Комо целосно доминираше на натпреварот против Аталанта во ситуација кога играше со фудбалер повеќе на теренот, па иако доби и огромна шанса да извојува победа во самата завршница, на крајот средбата заврши 0:0.

Домаќините добија пенал во судиското продолжение и Нико Паз можеше да донесе огромна радост на трибините во 97-та минута, но наместо тоа, јавноста се увери дека најдобриот играч на Комо сепак има една слаба точка.

Талентираниот Аргентинец не го реализираше и третиот пенал кој го изведе во Серија А, но третото промашување му падна до толку тешко, што на крајот и плачеше во моментите кога ги отпоздравуваше фановите.

Сцените со расплаканиот Паз станаа вирални на социјалните мрежи, па во моменти кога му треба голема поддршка, Сеск Фабрегас постапи како голем џентлмен.

– Сакам да испратам порака за поддршка кон нашиот млад играч. Не планирам да убивам играч за нереализиран пенал, јас не сум таков. Вакво нешто им се случило и на Меси и Тери. Пенали не реализираа и Меси и Тери, ми се има случено и мене. Сите му даваме поддршка на Нико, мора да поддржиме млад играч кој има храброст да направи разлика. Големите шампиони секогаш се препознаваат во вакви моменти, – изјави Фабре.