Атлетико потврди голема ѕвезда од Серија А како прво зимско засилување

Дерби

02/02/2026

13:29

219

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид се ослободи од Конор Галагер и Џакомо Распадори во овој актуелен зимски преоден рок, но во самата завршница на истиот, Диего Симеоне конечно ќе го дочека и толку посакуваното големо засилување.

Преодниот рок завршува вечерва на полноќ во топ пет лигите во Европа, а пред да дојде до затворање, Атлетико Мадрид конечно ги договори сите детали со Аталанта за ангажман на Адемола Лукман.

Нигерискиот крилен напаѓач веќе неколку преодни рока се поврзуваше со заминување со Аталанта, но откако ја преживеа караницата со Џан Пјеро Гасперини, сега конечно си оди во ерата на Рафаеле Паладино.

Станува збор за перманентен трансфер и фиксна уплата од Атлетико во висина од 35 милиони евра, со тоа што Аталанта може да заработи уште 5 милиони евра во вид на бонуси.

Лукман е веќе во Мадрид и денеска ќе ги мине потребните медицински прегледи, а тоа го потврди и Атлетико кој како клуб ја извести јавноста дека е постигнат конечен договор со Аталанта.