Рекорд во Србија: Падна меѓународна мрежа за дрога, запленети над 5 тони марихуана

Точка

01/02/2026

10:18

1.019

Големина на фонт

а а а

Српската полиција и обвинителството разбија голема меѓународна криминална мрежа по рекордната заплена на над пет тони марихуана, најголема во историјата на Србија. Истражните органи соопштија дека дрогата била набавена во Македонија и преку организирана шема била транспортирана и дистрибуирана на српскиот пазар.

Вишиот суд во Белград им одреди притвор на тројца осомничени по рекордната заплена на повеќе од 5 тони марихуана во близина на Крушевац. Станува збор за најголема заплена на дрога во историјата на Србија, со вкупна количина од над 5.002 килограми.

Обвинителството за организиран криминал информира дека истрагата опфаќа меѓународна мрежа која во јануари набавила огромна количина марихуана на територијата на Република Македонија, по што дрогата била пренесена во Србија со цел продажба.


Според истрагата, дрогата била транспортирана преку граница и складирана во магацин поврзан со осомничените, по што била подготвувана за дистрибуција на српскиот пазар. Посебно внимание предизвика фактот што еден од осомничените е косопственик на фирма во Скопје за медицински канабис, што дополнително ја потврдува меѓународната криминална мрежа.

Организаторот на групата се наоѓа во бегство и за него е побарана меѓународна потерница. Српскиот министер за внатрешни работи соопшти дека оваа акција претставува апсолутен рекорд на српската полиција и силен удар врз организираниот криминал.