Малку жени над педесет години имаат храброст да се облечат како Кејт Мос. Нејзиниот фантастичен изглед ги привлекол сите погледи.
Можеби повеќе не е на модната писта, но Кејт Мос го потврди својот статус на супермодел кога се појави на ревијата на „Сен Лоран“ за време на модната недела во Париз во вторник.

52-годишната Кејт го украла шоуто кога седнала во првиот ред, облечена во свилена чипкана маица и кожно мини здолниште со длабок шлиц што ги истакнувало нејзините долги нозе. Кејт носела и прекрасно крзнено палто, а изгледот го комплетирала со проѕирни хулахопки и црни потпетици.
Моделот пристигнал во Париз во понеделник, а претходно во вторникот присуствувала на модната ревија на Роналд ван дер Кемп.
Модната ревија на брендот „Сент Лорен“ собрала бројни ѕвезди, па така Остин Батлер (34), Рами Малек (44) и Кејт Мара (42) биле во првиот ред, пишува „Дејли меил“.

Неделата на висока мода, која трае до четврток, вклучува 29 брендови во официјалниот календар, вклучувајќи ги и долгоочекуваните дебитантски колекции од новите креативни директори.
Ви се допаѓа ли ова модно издание на Кејт Мос?






