[ФОТО] Две минијатурни срца го разубавија ЗОО Скопје: Родени џуџести мармозети

Точка

28/01/2026

15:12

655

Големина на фонт

а а а

Зоолошката градина во Скопје сподели убава и радосна вест – на свет дојдоа две бебиња џуџести мармозети, најмалите мајмуни на планетата.

„Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња ❤️“, соопштија од Зоолошката градина.

Џуџестите мармозети се вистинско природно чудо – возрасните единки тежат најмногу до 100 грама, а новородените бебиња се толку мали што сè уште тешко се забележуваат со голо око. Во првите денови од животот тие постојано се носат на грбот на својата мајка, додека целата група активно учествува во нивната нега и заштита.

Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: Еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња ❤️

Џуџестите...

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Wednesday, January 28, 2026

Нивното раѓање претставува значаен и радосен момент, не само за вработените, туку и за сите љубители на животните. Оваа принова е уште еден доказ за успешната грижа и условите што ги обезбедува ЗОО Скопје за своите жители.