Регистрација на возила без ограничувања: Од февруари 2026 услугата достапна во АМСМ низ целата држава

Точка

28/01/2026

12:53

2.055

Големина на фонт

а а а

Од 1 февруари 2026 година, продолжувањето на регистрацијата на моторните возила ќе може да се врши на целата територија на Република Македонија, без оглед на регистрациското подрачје, а услугата ќе биде достапна и во АМСМ.

Согласно телеграмата од Министерството за внатрешни работи и измените и дополнувањата на Законот за возила, од 1 февруари 2026 година стапува во сила нов начин на постапување при продолжување на регистрацијата на моторните возила.

Со законските измени се укинува досегашната територијална надлежност, што значи дека регистрацијата и продолжувањето на регистрацијата ќе може да се врши во било кое регистрационо подрачје во државата, без разлика каде се издадени регистарските таблици.


Во пракса, тоа значи дека возила со регистарски ознаки од Струмица, Битола, Тетово и други градови ќе можат да се регистрираат и во Скопје, како и во пунктовите на АМСМ. Истовремено, фирмите и правните лица кои располагаат со возила регистрирани во други подрачја, ќе можат целата постапка за регистрација да ја завршат во АМСМ, без потреба од одење во матичното регистрационо подрачје.

Истото правило важи и во обратен правец – секое регистрационо подрачје, вклучително и преку АМСМ, ќе може да изврши регистрација на возило од друго подрачје.

Од надлежните институции информираат дека сите вработени треба да бидат запознаени со новите законски измени и да постапуваат согласно упатствата на МВР, со цел обезбедување унифицирано, ефикасно и законито работење, како и навремена и квалитетна услуга за граѓаните.