Има еден посебен момент дома. Го отвораш фрижидерот, го здогледуваш тоа познато портокалово шише Fanta и веднаш си помислуваш на газираноста и на тој единствен и неодолив вкус на портокал. На масата има грицки, пица, натпреварот само што не започнал - забавата веќе e дома.
Тоа е тој едноставен, но веднаш препознатлив момент во новата кампања „Fanta е дома“. Со кампањата се одбележуваат малите, секојдневни моменти во кои Fanta е неизоставен дел од дружбите со саканите, додека грицкате нешто или играте игри или, пак, за време на оние спонтани домашни собиранки. Тоа се тие мигови каде што со Fanta сѐ е повесело и се крева расположението.

Со кампањата воедно се одбележува и еден значаен момент: 35 години присуство на Fanta кај нас. Овој спомен оживува во ТВ-рекламата во која една семејна приказна се раскажува низ три генерации. Fanta е омилениот пијалак од детството и посебно чувство кое се пренесува на идните поколенија, вкус кој веќе 35 години создава едноставна, но моќна нишка со која се поврзуваат моментите на радост од минатото и сегашноста.
Има и еден суптилен детаљ што буди носталгија - старо класично шише Fanta од музејската збирка на Пивара Скопје, кое дискретно се појавува на екранот како потсетник за тоа колку долго Fanta е дел од секојдневниот живот тука.

А вие, дали имате Fanta дома?
Комецијален текст








