Скромната плата која ја добива Џеко во Шалке 04 ги изненади фудбалските фанови

Дерби

28/01/2026

10:59

176

Големина на фонт

а а а

Един Џеко е на залезот на својата кариера и ги игра последните сезони како врвен напаѓач, но дури и во оваа фаза на кариерата, босанскиот дијамант потврдува дека останува класа кога е реализацијата во прашање.

Неславниот период во Фиорентина го заборави со мајсторски гол на дебито во Шалке 04, а во период кога направи изненадувачки трансфер во втората Бундеслига, Германците почнаа да се занимаваат и со финансиите кои се впишани во неговиот договор.

Угледниот „Билд“ откри детали од договорот на Џеко со фудбалскиот великан од Гелзенкирхен, кој поради играњето во Втора лига е приморан значително да ги намали трошоците, а со тоа и платите.

Според информациите до кои дојде „Билд“, Џеко има изненадувачки мала плата во Шалке 04 од 300 илјади евра, а повеќе изнесува бонусот кој му е гарантиран ако тимот избори промоција во првата Бундеслига.

Во договорот стои дека Џеко ќе инкасира дополнителни 400 илјади евра за пласман во германската елита, но дури и со таа сума, Един во Шалке 04 ќе заработи помалку од некои играчи кои настапуваат во Хрватска, па дури и во Босна и Херцеговина.

Само за споредба, Марко Арнаутовиќ добива по 2,5 милиони евра годишно во Црвена Звезда, а ланскиот договор на Џеко во Фенербахче изнесуваше скоро 5 милиони евра по сезона, што всушност значи дека Един игра за навистина симболична сума во Шалке.