Индија ги намалува царините за европските автомобили: ЕУ и Њу Делхи блиску до договор

Макфакс

26/01/2026

12:16

132

Големина на фонт

а а а

Индија и Европска унија се блиску до објава на договор за слободна трговија, со кој Индија ќе ги намали високите царини за автомобили увезени од ЕУ – од сегашни 110% на 40%, а со тек на време и до 10%, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на два извора запознаени со преговорите.

Според договорот, намалувањето ќе важи за ограничен број автомобили со увозна цена над 15.000 евра, со годишна квота од околу 200.000 возила, која сè уште може да се менува. Електричните возила ќе бидат изземени од олеснувањата во првите пет години, со цел заштита на домашните производители.

Се очекува договорот официјално да биде објавен во вторник, по што ќе следи финализирање и ратификација. Пактот би можел значително да ја зголеми билатералната трговија и да отвори нови можности за европските производители на автомобили на едно од најзаштитените пазари во светот.