Наследникот на Бред Пит во посета на нашиот северен сосед: Најголемиот „фраер“ во Европа ужива во Белград

Точка

24/01/2026

18:11

677

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот актер Микеле Мороне стана популарен благодарение на улогата во филмот „365 дена“, која го направи миленик на жените.

Тој ја освои неофицијалната титула „најголем фраер во Европа“, а токму сега се наоѓа во Белград.

Како што сподели на своите социјални мрежи, актерот е среќен што „конечно“ е во Белград.

На социјалната мрежа Инстаграм, тој сподели низа серија фотографии кои укажуваат дека се наоѓа во еден од престижните хотели во Белград, а со својата појава и позирање на кауч повторно предизвика воздишки кај дамите ширум светот.

Пред да стане популарен, актерот бил во брак со либанската дизајнерка Руба Садех од 2014 до 2018 година, со која има два сина.

По разводот поминал низ тежок период и се соочил со финансиски проблеми, но успеал да најде начин да излезе од тој предизвикувачки период.


Иако и претходно глумел во италијански телевизиски остварувања, како сериите „Одред за борба против мафијата“ и „Come un Delfino“, дури улогата во филмот „365 дена“ му ги отворила вратите на светската кинематографија.

Покрај глумата, Микеле се занимава и со музика, па така во 2020 година го објавил албумот „Dark Room“, од кој се издвои песната „Feel It“.


Во текот на последните години соработува и со престижната модна куќа „Долче и Габана“ а моментално е и заштитно лице на нивниот парфем „Devotion For Men Eau de Parfum“, со што ја освои публика и надвор од филмскиот свет.

Пред неколку години се шпекулираше дека Мороне е геј, што им ги скрши срцата на дел од женската публика, но актерот ги демантирал тие тврдења. Не е познато дали во моментов е во врска и кој му го освоил срцето.