Тотенхем во завршни преговори со искусен фудбалер на Ливерпул

Дерби

23/01/2026

15:03

305

Големина на фонт

а а а

Раководството на Тотенхем е во напредни преговори за ангажирање актуелен фудбалер на Ливерпул и медиумите тврдат дека транферот ќе биде реализиран најдоцна по крајот на сезоната.

Се работи за искусениот Енди Робертсон, левиот бек чиј договор истекува во јуни и според тоа има право да преговара со други клубови уште од јануарскиот преоден рок.

Желба на Тотенхем е да го добие Робертсон уште пред крајот на овој месец, а во спротивно ќе мора да чека до почетокот на следната сезона. Доколку Ливерпул прифати одредена сума како отштета во јануари, ќе треба да најде соодветна замена на истата позиција.

Шкотскиот интернационалец на 31-годишна возраст се уште привлекува интерес кај ривалите на Ливерпул, а во Тотенхем се убедени дека тој ќе донесе квалитет на својата позиција и може многу да му помогне на клубот.

Робертсон е дел од Ливерпул уште од 2017 година и со овој клуб освои две премиерлигашки титули и еден трофеј во Лигата на шампионите.