Една од најубавите фудбалерки во светот, Алиша Леман (27), пронајде ново момче, а станува збор за англиски полупрофесионален фудбалер и ТВ личност Монтељ Мекензи (28).
Репрезентативката на Швајцарија, која настапува на позицијата напаѓач за италијанскиот Комо, по повод својот 27. роденден објави колаж од фотографии на својот профил на „Instagram“, меѓу кои се најдоа и неколку кадри со новото момче, кое досега не го прикажувала во јавноста.

Станува збор за момче по име Монтељ Мекензи, кој игра на позицијата десен бек во пониските рангови на англискиот фудбал. Од летово настапува за „Folkestone“, клуб од седмиот ранг на натпреварување. Поширока популарност стекна преку учество во ријалити програми, а две сезони беше учесник во исклучително популарното британско шоу „Love Island“.

Кога станува збор за љубовниот живот на русокосата фудбалерка, своевремено, барем според пишувањата на странските медиуми, била во врска со соиграчката од репрезентацијата Рамона Бахман. Потоа, во периодот поминат во Астон Вила и Јувентус, била во врска со Даглас Луис, тогаш исто така фудбалер на тие клубови, кој моментално настапува за Нотингем Форест.
















