Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури се движат од минус 2 до 2, додека соодветно највисоките дневни ќе бидат во опсегот меѓу 5 и 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне има појава на магла, температурата ќе достигне до .7 степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник.








