[ВИДЕО/ФОТО] Објавена мапа - им се заканува „монструм“: Снег, мраз и екстремен студ ќе ја „парализира“ оваа земја

Точка

22/01/2026

20:28

1.690

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите и најекстремните зимски бури во последните години ќе погоди повеќе од половина од САД до крајот на неделата, носејќи обилни снежни врнежи, замрзнат дожд, ниски температури и сериозни сообраќајни нарушувања.

Се предвидува дека до крајот на неделата повеќе од половина од САД ќе погоди голема зимска бура, една од најголемите и најекстремните во последните години, носејќи обилни снежни врнежи и екстремно ниски температури.

Бурата ќе биде толку голема што се очекува снегот, лапавицата и замрзнатиот дожд што ги носи да погодат повеќе од 2.400 километри територија на САД, се очекуваат големи прекини во сообраќајот на патиштата и аеродромите во погодената област, а можни се и долгорочни прекини во снабдувањето со електрична енергија, особено поради ледената бура на југот од земјата, пренесува „CNN“.

Екстремниот студ ќе ја влоши бурата и нејзините последици со тоа што ќе предизвика побрзо натрупување на снегот и мразот на патиштата, што ќе го отежни нивното расчистување и евентуално ќе ги остави жотелите без струја, но и со денови без греење. Се предвидува дека снегот и мразот ќе почнат да се формираат утре над рамнините на централниот и јужниот дел на САД, бидејќи бурата ќе почне да се интензивира, од Оклахома и северен Тексас до Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд до сабота навечер.

Снежните врнежи ќе продолжат до недела навечер, на североистокот од земјата. Издадени се предупредувања за зимски бури за повеќе од 70 милиони луѓе во делови од 20 држави, а се очекува тој број да се зголеми во наредните денови.