Фотографија од куче кое се склопчило и спие во продавницата за облека „New Yorker“ за да се заштити од студот предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи. Сцената на својата страница ја споделило здружението „Хера“, пофалувајќи го гестот на вработените.
Во објавата е истакнато дека во студените денови не се истакнува модата, туку добрината. „Едно куче, склопчено за да се стопли. Без бучава. Без пречки. Само потреба да го преживее студот“, стои во описот на фотографијата. Од здружението додале и порака за важноста на помагањето на животните: „Ништо не нè чини да ги отвориме вратите и да ги пуштиме кучињата да се стоплат. За нив тоа значи живот“.
Velika pohvala za New Yorker. 🤍
U ovakvim hladnim danima, ne vidi se moda – vidi se dobrota.
Jedan pas, sklupčan da se...Posted by Udruženje Hera on Saturday, January 17, 2026
Позитивни реакции од корисниците
Објавата привлече голем број коментари во кои корисниците изразуваат пофалби за овој чин. „Редовно во таа продавница спијат и никој не ги допира, бидејќи, секако, никому не му ни пречат! Сите пофалби“, напишала една корисничка. Друга додала: „Браво, добри луѓе! Ајде, народе мој, да го направиме сите истото, да ги спасиме овие невини суштества. Да им помогнеме да презимат и да го преживеат овој студ“.
Коментарите ги преплавија и фотографии од кучиња и мачки кои спијат во други продавници во трговски центри, во фризерски салони и кафулиња, затоа што добри луѓе ги пуштиле да ја преживеат студената зима.







