Пет европски градови кои треба да ги посетите во 2026 година доколку сакате да ги избегнете редовните гужви

Точка

22/01/2026

15:08

786

Големина на фонт

а а а

Експерти за патувања открија пет помалку познати европски дестинации кои ги препорачуваат за посета во 2026 година, како одговор на сè поголемиот број патници кои бараат поумирени и поевтини алтернативи на пренатрупаните туристички центри. Овој тренд го потврдуваат и податоците од „Google Trends“, кои покажуваат зголемување на пребарувањата за „сокриени бисери“ за 122,6 отсто во последната година.

Многу туристи се разочарани од долгите редици, високите цени и губењето на автентичноста на популарните локации, поради што се свртуваат кон дестинации кои досега биле надвор од фокусот, како Албанија, Црна Гора и Словенија. Поради тоа, експертите од компанијата „Iglu Cruise“ составиле листа со пет потценети дестинации за оваа година, пишува „Daily Mail“.

Тренчин, Словачка

Историскиот град Тренчин, сместен во западната Словачка покрај реката Вах, поради својата средновековна архитектура често се нарекува „Бисер на Поважието“. Градот, заедно со финскиот Оулу, е избран за една од двете Европски престолнини на културата за 2026 година, поради што ќе помине значајна трансформација која вклучува музички фестивали, уметнички инсталации и обнова на јавни простори.


Посетителите можат да уживаат во спој на древна историја и опуштена атмосфера. Меѓу задолжителните активности се посетата на живописниот Тренчински замок, искачувањето на Градската кула од каде се пружа панорамски поглед и одмор во кафулињата на плоштадот Мирове. Идеално време за посета е помеѓу мај и септември, кога топлото време овозможува уживање во културата на отворено. Почетокот на јули во градот се одржува и најголемиот словачки музички фестивал, „Pohoda“.

Гент, Белгија

Додека повеќето туристи ја избираат каналската мрежа на Брож или модниот центар Антверпен, жителите на Белгија често го преферираат Гент. Овој историски пристанишен град на северозападот на земјата се смета за „најдобро чувана тајна“ на Белгија, бидејќи нуди бајковити канали и средновековен шарм сличен на Брож, но со поголема автентичност и значително помали гужви. Покрај готската архитектура, историското пристаниште „Graslei“ и средновековниот замок „Gravensteen“, градот зрачи со живописна енергија благодарение на големата студентска популација.


Главните атракции во Кимпер вклучуваат шетање по живописните улици со традиционални бретонски куќи со дрвени рамки, посета на локалните музеи и галерии, како и разгледување на остатоците од средновековните ѕидини од 13 век. Градот е идеален за посета во пролетта и есента, кога времето е пријатно, а туристичките гужви се минимални, овозможувајќи автентично уживање во културата, уметноста и архитектурата на Бретан.

Кимпер, Франција

Како автентична француска алтернатива со помали гужви од дестинациите на јужниот брег, експертите го издвојуваат Кимпер. Овој шармантен град на реката во срцето на Бретан носи ознака Град на уметноста и историјата поради својата ликовна уметност и архитектонско наследство. Покрај реката Одет се нижат традиционални бретонски куќи со дрвени рамки, а во делови од градот сè уште се видливи остатоците од средновековните ѕидини од 13 век.


Посетителите можат да уживаат во локалната јабуковача, палачинки и шопинг, а се истакнуваат катедралата Свети Корентин, работилниците за керамика и излетите со брод. Кимпер е и кулинарска дестинација, со ресторанот „Allium“ кој има Мишелин ѕвезда, како и рестораните „Sao“ и „Ti-Coz“, познати по изфинетата и регионална кујна. Најдобро време за посета е од крајот на јуни до почетокот на септември, а на крајот на јули се одржува и „Festival de Cornouaille“, прослава на бретонската музика и танц.

Торино, Италија

Главниот град на италијанската регија Пиемонт, Торино, е познат по елегантните кафулиња, традицијата во изработка на чоколада и алпската позадина. Често се опишува како скриен бисер на Италија кој ја спојува париската величественост, видлива во барокните булевари и кралските палати, со опуштената атмосфера. Градот е прогласен и за Европска престолнина на паметен туризам за 2025 година поради достигнувањата во одржливост, пристапност и културното наследство.


Клучни искуства во Торино вклучуваат возење со стаклен лифт до врвот на Моле Антонелијана, каде се наоѓа Националниот музеј на кинематографијата, уживање во класичната кафе „Bicerin“ во историско кафуле и разгледување на Кралската палата. Мај, јуни и септември нудат идеални услови за разгледување, а во септември започнува и сезоната на тартуфи. Во декември, градот се претвора во отворена галерија за време на фестивалот на светлосни инсталации „Luci d’Artista“.

Познањ, Полска

Познањ, сместен во западна Полска, е најпознат по шарените куќи на Стариот плоштад, но често останува во сенка на Краков и Варшава, што го прави потценета дестинација за 2026 година. Тоа е еден од најзелените градови во Полска, со околу 25 отсто од површината покриена со зелени површини. Се издвојуваат паркoт Цитадела од 250 хектари, сместен на местото на поранешна тврдина, и езерото Малта – вештачко езеро опкружено со шума, кое нуди целогодишна скијачка патека и минијатурна железница.


Градот, исто така, е дом на Вартострада, патека долга 12 км покрај реката Варта, која неодамна била реновирана. Најдобро време за посета е од мај до септември, кога времето е погоднo за активности на отворено. За посебно културно искуство, на 11 ноември се одржува жива парада и улична прослава по повод Денот на Свети Мартин.