Барселона ја победи Славија во Прага правејќи пресврт и си ги зголеми шансите за топ осум пласман во Лигата на шампиони, но за да го направи тоа, на последниот натпревар против Копенахаген ќе мора да победува без Френки Де Јонг кој ќе биде суспендиран, но и без Педри кој се повреди.
Клучниот играч за врска на Барселона побара измена по точно еден час игра и не остави добар впечаток кога го напутшаше теренот, а Ханси Флик по победата од 2:4 откри дека станува збор за проблем на задната ложа.
– Не знам каква е точно ситуацијата со Педри, има проблем со задната ложа и ќе мора да направи скен и да видиме какви ќе бидат резултатите од тестот.
– Тоа се работи кои за жал се случуваат во фудбалот, во овој момент, не можеме да знаеме колку недели ќе биде во аут.
– Не постои добра вест во вакви околности, особено кога се работи за Педри, но ќе мора да се снаоѓаме и без него. Олмо влезе место него и постигна фантастичен гол, Рашфорд исто така влезе и играше добро, а така беше и со Араухо и Бернал. Добро е кога гледате експресен ефект од играчите кои влегуваат од клупа, – изјави Флик.








