Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседатели на УЖ на Општинските комитети

Макфакс

25/08/2026

22:59

125

Големина на фонт

а а а

Конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа со цел разгледување на актуелната политичка и економска состојба, како и за донесување на нова програма и избор на претседатели на Општинските комитети. Најавена е и подготовка на јавен повик за активно вклучување на жените во партиската организација.

Прва конститутивна седница на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски.

На седницата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на седницата се разговарало за изработка на нова програма на Унијата на жени која ќе се базира на пет стратешки приоритети и ќе опфати конкретни активности, иницијативи и настани.

„Во однос на кадровите прашања, а со цел зајакнување на организациската поставеност, поголема вклученост на жените во политиката, како и отворање на простор за нови лица, нова енергија, нови идеи и иницијативи, Извршниот комитет донесе одлука за распишување на јавен повик за кандидирање на претседателски на Унијата на жени на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот кој што следи ќе биде објавен јавен повик за аплицирање за сите заинтересирани жени кои се членови на партијата и кои сакаат да преземат одговорност и да дадат свој придонес за развој на Унијата на жени.

Унијата на жени останува отворена за секоја една жена што има визија, идеја и желба да придонесе за подобра и просперитетна Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.