Халанд засрамен по поразот во родната земја: Можам да кажам само едно

Дерби

21/01/2026

12:51

319

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд имаше кошмарен излет во својата родна земја, бидејќи неговиот Манчестер Сити вчера се посрамоти во Норвешка и претрпе пораз од 3:1 на гостувањето кај Бодо/Глимт.

Тимот кој прави големи изненадувања во Европа веќе неколку сезони наназад вчера ја оствари најголемата победа во историјата, а сензацијата беше до толку голема, што Халанд остана без зборови во микс-зоната.

Говорејќи во интеврјуто за „ТНТ Спортс“, Халанд призна дека е фрапиран и шокиран од конечниот епилиг, поради што остана и без вистински одоговори на прашањата од новинарот.

– Немам точни одговори за ова што се случи. Преземам целосна одговорност за неискористените шанси, за головите кои не ги постигнав.

– Сакам да им се извинам на сите, на секој фан на Манчестер Сити кој допатува до тука. На крајот од денот, ова е засрамувачки за нас. Бодо излезе на терен и одигра неверојатен фудбал и заслужи да победи. За нас лично, искрено не знам што да кажам, немам вистински одговори и се што можам да кажам е „извинете“, – порача Халанд.