Волкот постави прашање, Руни прогнозираше како би завршил дуел меѓу најдобриот Јунајтед и актуелниот Арсенал

Дерби

21/01/2026

12:18

325

Големина на фонт

а а а

Арсенал продолжи да гази во Лигата на шампиони и запиша уште една победа на тешко гостување, а триумфот над Интер со резултат 1:3 значи дека „топчиите“ се неприкосновени на врвот со „седум од седум“.

Иако ова не мора да значи ништо за нокаут фазата што следи, Арсенал во овој момент изгледа како најдобар и најстабилен тим во Европа, па бидејќи таквите заклучоци се повеќе доаѓаат од сите страни во светот, Тио Волкот го искористи својот соговорник во „Амазон прајм“ за да постави едно интересно прашање.

Поранешното крило на Арсенал за свој колега вчера го имаше Вејн Руни, а најдобриот голгетер во историјата на Јунајтед доби прашање за кое без многу размислување имаше јасен одговор.

Волкот заклучи дека тимот на Јунајтед од 2008-ма година бил најдобриот против кој играл во кариерата, па го интересираше дали тој тим на „ѓаволите“ ќе можел да се носи со оваа машинерија која ја создаде Микел Артета.

– Ќе ги згазиме….. Навистина мислам дека би завршило така….., – порача Руни.