Конте лут на играчите: Очигледно не сме за Лига на шампиони!

Дерби

21/01/2026

12:15

301

Големина на фонт

а а а

Наполи пропушти голема шанса да се приближи до осигурување на плејофот во Лигата на шампиони, па сега тимот за кој настапува нашиот Елиф Елмас ќе мора да трепери до последната рунда, во која за ривал ќе го има Челси на домашен терен.

Наполитанците вчера испуштија златна шанса против Копенхаген и му дозволија на домашниот тим да стигне до реми од 1:1 со играч помалку на теренот, па ваквото сценарио го фрустрираше Антонио Конте кој во последно време делеше само комплименти за своите фудбалери.

Со оглед на скратениот ростер со кој располага поради низа повреди, Конте постојано ги фалеше актуелните играчи кои ги има на располагање поради фактот што играат фудбал на секои три дена, но откако вчера испуштија сигурна победа, Италијанецот не го криеше разочарувањето.

– Мора да бидеме разочарани од самите себе. Натпреварот го доведовме до ситуација во која моравме да победиме, значително ќе се приближевме до плејофот со три бода. Може да бараме секакви оправдувања, но вечерва немаме алиби. Околностите беа толку добри за нас, што едноставно моравме да победиме……

– Наместо тоа, на четврти меч во низа покажавме дека страдаме. Имавме целосна контрола, имавме играч повеќе на теренот, па дури и кога ви недостасуваат 10 играчи во тимот, мора да победите на ваков натпревар. Постои големо разочарување поради тоа што не успеавме да победиме, па станува очигледно дека нашето ниво во овој момент не прилега за Лигата на шампиони.

– Имаме освоено само осум бода во Лигата на шампиони и мора да прифатиме вина за тоа. Нема што да се додаде, мора да бидеме бесни на себе после ваков натпревар, ова беше златна шанса за нас, како да не сфативме за што играме. Се чувствувам како да возиме спуст со велосипед, а потоа одеднаш сами направивме да искачуваме нагорнина, – изјави Конте.