Винисиус Жуниор постигна фантастичен гол против Монако и намести уште три во убедливата победа на Реал Мадрид над Монако со резултат 6:1, партија со која Бразилецот само потврди дека повторно ја враќа самодовербата која ја имаше загубено.
Жестоките свирежи кои ги доби од „Сантијаго Бернабеу“ направија воопшто да не го слави голот кој го постигна, а крилниот фудбалер беше во центарот на вниманието и по крајот на мечот, бидејќи после подолго време даде изјава за шпанските медиуми.
– Играњето за најголемиот клуб во светот е доста комплицирано, знаеме дека барањата од навивачите се најголеми што можат да бидат. И јас сум само човек и можат да потпаднам под тоа…
– Да бидам искрен, не сакам да бидам исвиркуван во својот дом, на местото на кое се чувствувам најкомотно. На последните натпревари не се чувствував комотно поради тоа што добивав свирежи секогаш кога ќе направев билошто на теренот. Го познавам мојот потенцијал и знам до каде можам да стигнам, тука сум за да еволуирам како играч и да се борам за боите на овој клуб.
– Кога играме дома, потребна ни е поддршка од нашите навивачите за цела работа да се врати во нормала. Тие сакаат да победуваме, но тоа го сакаме и ние. Ако бидеме заедно и сплотени, сезоната ќе заврши подобро за нас, – изјави Винисиус.







