Снежното утро во Скопје и останатите делови од Македонија освен што донесе радост кај многумина, предизвика хаос во сообраќајот, но и секојдневното функционирање кај луѓето.
Нечистите улици, замрзнатите коловози и недоволната реакција на надлежните служби навреме создадоа опасни услови како за возачите така и за граѓаните.
Ситуацијата беше загрижувачка на особено фреквентните булевари како што е и „Јане Сандански“ каде секојдневно поминуваат голем број пешаци, но и возила.
Но, една сцена очигледно е дека стана симбол на хаосот којшто утрово го снајде Скопје и е јасен показател дека зимската неподготвеност повторно излезе на површина.
Авторот на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, во опис напишал:
„Појадок + ракија + летни кондури“.







